Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Советникот од редовите на Египќаните на седницата на Советот на Општин Охрид побара да се повлече точката за обештетување на угостителските објекти чии платформи и тераси беа оштетени во невремето од 2018 година.
Демиров кажа дека сеуште не се исплатени штетите од поплавите од пролетта 2016 и ноември 2017 година.
„ Барам точката која се однесува на процесот за исплата на штети од невремето да се повлече од дневен ред од проста причина што до сега не се исплатени штетите од поплавите во 2016 и 2017 година, каде најголем дел од поплавените беа Египќани. Ако штетите за физички лица, од ранлива етничка заедница не се исплатени, не гледам причина да се дебатира и гласа за исплата на штетите на правни лица, поточно фирми кои сами без документи изградиле објекти над водата на езерото, поточно направиле дивоградби. Да разграничиме прво што должиме во моментов, колку пари немаме исплатено за поплавите од 2016 и 2017 година, па потоа да гласаме одлуки за исплата не штети за противправно изградени платформи над езерската вода.“ – рече Демиров на говорницата во Советот.
Советниците од мнозинството не гласаа по предлогот на Бесим Демиров , и со 16 гласа против , 4 гласа за и 2 воздржани не помина предлогот.