Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот Кирил Пецаков, оствари протоколарна средба со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Клеменс Која. На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Охрид. Се разговараше за УНЕСКО, а градоначалникот делегацијата ја информираше со чекорите што Локалната самоуправа ги презема во согласност со препораките на УНЕСКО. Градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на Локланата самоуправа.
Заеднички беше констатирано дека веќе добро воспоставената меѓусебна соработка треба да продолжи и постојано да се надоградува. Шефот на мисијата изрази подготвеност за давање на поддршка во делокругот на нивното дејствување.