Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува
КОНКУРС
за доделување стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2015/2016 година
Општина Охрид за учебната 2015/2016 година ќе додели вкупно 80 ученички стипендии и тоа:
I. Услови за доделување стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во општинските основни и средни училишта на подрачјето на општина Охрид, а ги исполнуваат следниве услови:
1. да се редовни ученици,
2. да освоиле награди за поединечно освоено I, II или III место на државен или меѓународен натпревар во областа на науката, техниката, културата и уметноста
3. да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI одделение па нагоре за основците и од I година па нагоре ,за средношколците
4. да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.
II. Начин на пријавување
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.ohrid.gov.mk.Истата може да се подигне и во Одделението за образование при општина Охрид
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:
6 изјава потпишана од родител/старател дека доставените документи се вистинити и дека ученикот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма.Истата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk
III. Висината на стипендијата
Висината на стипендијата ќе изнесува 1500,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2015/2016 година.
Рок на пријавување
Потребните документи кандидатите треба да ги достават најкасно до 15.10.2015 година(четврток) на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид , во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички стипендии“
Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.