Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Се известуваат сите учесници во сообраќајот, дека поради изведување на градежни работи на улицата „7-ми Ноември“ во деновите 04.07.2024 година (четврток), 05.07.2024 (петок), 06.07.2024 (сабота) ќе се воведе времен режим на сообраќај со затворање на улицата во три фази.
-Прва фаза од кружен тек пред ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ до крстосница со улица „Питу Гули“ (Бензинска пумпа).
-Втора фаза од крстосница со улица „Питу Гули“ до крстосница со улица „Васил Главинов“.
-Трета фаза од крстосница со улица „Васил Главинов“ до крстосница со улица „Егејска“.
За време на затворањето на улицата, сообраќајот ќе се насочува по други алтернативни улици.
Се упатува молба до учесниците во сообраќајот во наредниот период да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и доколку постои можност да го избегнуваат за сообраќај овој дел на градот.