Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот Константин Георгиески денеска направи увид на градежните активности за поставување на првиот асфалтен слој на коловозот на улицата „Јане Сандански“, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“.
Како дел од предвидените активности на овој значаен инфраструктурен проект, беше поставена нова главна водоводна линија во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри и завршени се сите поединечни приклучоци на домаќинствата. Исто така, извршено е поставување на нова фекална канализација во должина од 400 метри со димензии Ф300.
Претходно беше извршена реконструкција на троторите од двете страни на улицата и беше поставено ново улично осветлување. Беа изведени нови велосипедски патеки, локации за паркирање, две автобуски постојки и две локации за такси превозници. Уредена е и соодветна зелена површина и засаден е нов дрворед.