Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве работат на реконструкција на дел од канализационата мрежа во село Пештани. Акцијата се спроведува со цел да се реши проблемот предизвикан со дел од септичките јами.
На стрмен простор се изработува каскадна шахта која ќе е поставена на длабочина од 2 метри, а на длабочина од околу 4 метри се поставува нова цевка Ф 20 со должина од 25 метри. Зафатот се очекува да заврши деновиве.