Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Почитувани,
ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид денеска пак ја отворија темата за намаленото ниво на Охридското Езеро. Ништо не е спорно – намалениот водостој е факт. И секако не загрижува сите. Но треба здраворазумно да се размислува дека за ова што последниве месеци му се случува не само на Езерото туку и на останатите водени ресурси во земјава, па и пошироко не се виновни ниту СДСМ, ниту градоначалникот на Охрид , Константин Георгиески, ниту пратеничката Жаклина Лазаревска.
И од ВМРО ДПМНЕ добро знаат дека годинава имаме значително помалку врнежи од дожд и снег . Но , ним и треба само тема преку која ќе може да ја плукаат власта, независно дали се во право или НЕ.
Според издадената водостопанска дозвола од Министерството за животна средина, дозволено е осцилирање помеѓу котите 693.10 и 693.75. Оваа 2020 година е значително сува година и со остварено производство на електрична енергија на ХЕС Црн Дрим од само 70% од просечното.
Согласно обврските од Водостопанските дозволи, Владата предводена од СДСМ донесе одлука да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите, со цел да се заштити животната средина и биодиверзитетот.
Планирано е испуштање на вода само за обезбедување на биолошкиот минимум на реката Црн Дрим, со што и нивото престанува да се намалува ада се мнадеваме дека конечно со доаѓањето на есенските врнежи ќе почне и да расте.
Центар за комуникации СДСМ – Охрид