Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Започнаа активностите за асфалтирање на трите краци од улицата „Даме Груев“.
Претходно овој дел беше партерно уреден и се изведе нова атмосферска канализација. Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри.
Овој проект се реализира преку соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион. Општина Охрид во реализацијата на целосното уредување на трите краци од улицата „Даме Груев“ учествува со 10.471.036 денари.