Во Македонија почина уште една пациентка од КОВИД-19…
Шеесет и шестгодишна жена од Дебар е третата жртва на коронавирусот во земјата. Станува збор за првата пациентка од овој град, чија состојба подолго време беше влошена.
Во Македонија во последните 24 часа има 29 новозаразени, со што вкупната бројка порасна на 177, од кои повеќе од 100 се во Скопје.
Први случаи на коронавирус се регистрирани во Прилеп и Велес.
Меѓу новозаразените се и пет лица кои имале контакт со бившата директорка на Клиниката за кожни болести во Скопје, по чиј позитивен тест над 200 луѓе беа ставени во изолација.
Покрај сите досега воведени рестриктивни мерки, Владата денеска одлучи дека во викенди ќе има целосна забрана за движење од 16 до пет часот.
На светско ниво има повеќе од 450.000 заразени и над 20.000 починати.