Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Според најавите, над 470 планински тркачи од 36 земји ќе настапат на шестото издание манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ која ќе се одржи на 24-ти и 25-ти мај 2024 година во Охрид.
Целите на овој спортско-рекреативен настан е да се понуди една уникатна планинска авантура на отворено за учесниците, која се одвива во недопрените предели на „Галичица“, а воедно да се промовира културното и природното богатство на Охридско-преспанскиот регион кој е заштитен под УНЕСКО.
Оваа година предвидени се пет планински трки на 110, 65, 40, 22 и 10 километри.
Сите трки минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во Националниот парк „Галичица“, а финишот е на градскиот плоштад во Охрид.
Манифестацијата „Охрид Ултра-Треил“ ја организираат спортските здуженија „Трекс“ од Скопје и „Топ Адвенчрс“ од Охрид. Приказната на „Охрид Ултра-Треил“ започна во 2019 година како настан со две трки во планинско трчање од 60 и 30 километри, а за пет последователни изданија прерасна во препознатлив мултинационален спортски настан кој се одвива под отворено небо.
Повеќе информации за трката, рутите и саатниците може да се најдат на веб страната – www.ohridultratrail.com