Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Без ниту еден глас против шпанскиот Сенат го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО, информираше на денешната прес конференција министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Како што кажа Димитров, воедно Шпанија беше последна држава што требаше да ја заврши постапката за ратификација.
Со ратификацијата на пристапниот Протокол од Сенатот и неговото потпишување од страна на шпанскиот крал, ратификацискиот инструмент треба да биде депониран во Стејт Департментот.
Карактеристично е тоа што Сенатот на Шпанија оваа одлука, за прв пат откако функционира, ја носи со гласање од далечина, односно без физичко присуство на сенаторите на пленарната сесија.