Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.
1. Начини на пријавување и процедури коишто треба да се следат
Заинтересираните мора да ги поднесат своите предлози користејќи го формуларот за пријавување којшто е достапен на http://www.ohrid.gov.mk
Комплетната проектна документација треба да ги содржи следнива документи:
Крајниот рок за прием на пријавите е 15.04.2022 година до 14:30 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени.
Целосната документација да се достави на следната адреса:
OПШТИНА ОХРИД
Сектор за туризам и ЛЕР
ул. Димитар Влахов бр. 57
6000 Охрид
со назнака:
“JАВЕН ПОВИК” – ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ОБЛАСТА НА ОДРЖЛИВИОТ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ТУРИЗМОТ ЗА 2022 година.
Подетални информации за условите за аплицирање се дадени во Упатството за аплицирање на проекти за Г1 и Г2 Програма. Пред да го пополните Апликационит формулар Ве молиме внимателно да го прочитате Упатството бидејќи апликационите формулари кои не ги содржат сите потребни податоци и кои не се во согласност со условите, нема да бидат земени за оценување.
За сите заинтересирани апликанти дополнително на општинската веб страница ќе биде објавена информација за одржување на информативна сесија за овој повик.
Барањето за користење на средства од оваа програма и доставената документација НЕ СЕ ВРАЌААТ. Заради извршувањето на контролата на терен од страна на Комисијата на Секторот за туризам и ЛЕР, потребно е барателот да има кај себе копија од целокупната документација доставена на јавниот повик.
Подетални информации на контакт е-mail адреса: info@ohridler.gov.mk