Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во организација на локалната самоуправа, ЈП“Градски пазар“ и Црвен крст Охрид, по трет пат, на 28 и 29 април, ќе се одржи манифестацијата “Велигденски саем“. На просторот на плоштадот “Крушевска Република“ на повеќе штандови ќе биде изложена традиционална храна, колачи, велигденски украси и ракотворби, а собраните средства од продажбата ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства во градот.
На манифестацијата што ќе има хуманитарен карактер ќе учествуваат ученици од охридските училишта, детските градинки и играорни групи.