Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од денес до крај на месецот август Градскиот стадион “Билјанини Извори” ќе биде затворен за фудбалска употреба. Имено на фудбалскиот терен во овој период ќе се изврши замена на стариот бусен со нов на деловите каде што е потребно. Исто така ќе се изврши аерификација и најважното од сите активности во овој период, после отварањето на стадионот пред 45 години ќе се заменат фудбалските голови со нови со што Градското фудбалско игралиште после електронското наводување ќе добие и најсовремени голови на особено задоволство на сите наши фудбалски корисници.