Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
👍Интензивна градежна динамика на улицата „15-ти Корпус“ на потегот пред влезот во селото Лескоец. Поради големата фреквенција на сообраќај, стручните екипи работат и во текот на вечерните часови.
☑️Се врши машинско гребење на стариот асфалтен слој и тампонирање, како дел од подготвителните активности пред асфалтирањето на коловозот, кое ќе се одвива во наредниот период.
🔙Претходно се вршеше асфалтирање и уредување на тротоарите, се постави нова атмосферска канализација и се работеше на нови приклучоци на водоводната линија.
🔜Работните активности на овoј капитален инфраструктурен проект се очекува да бидат финализирани во втората половина од месец мај.