Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари средба со дел од членовите на првата охридска експедиција планинари, кои пред точно 40 години го искачиле највисокиот европски врв „Мон Блан“.
Покрај упатените честитки по повод јубилејот, градоначалникот Георгиески истакна дека како голем вљубеник во планината, му претставува голема чест што има можност лично да поразговара за деталите и условите под кои овие ентузијасти го оствариле својот планинарски сон. Градоначалникот потенцираше дека Општина Охрид во континуитет ги поддржува и ќе продолжи да ги стимулира спортските настани и манифестации кои се во насока на промовирање и развој на планинскиот туризам, за кој Охридскиот регион има огромни потенцијали.
Во чест на значајниот планинсрски подвиг на охридските планинари Љупчо Поп Стефанија, Климе Волкан, Миле Битрак, Људмил Цветаноски, Андон Бојаџи, Владимир Тунтев, Владо Бојаџи, Кире Филев, Миле Бавчанџи, деновиве премиерно беше прикажан и документарниот филм „Од Белото Езеро до Белата планина“. Идејата за документарниот филм е на Кирил Димоски-Гафиљ, а продукциски ја реализраше тимот на „Супер радио“.