Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Голема благодарност до мојата сопартијка Радмила Шеќеринска која осум години беше заменик претседател на #СДСМ. Шеќеринска со своето искуство реализираше низа успешни политики како на меѓународен така и на домашен план.Воедно им честитам на новата заменичка претседателка Сања Лукаревска и потпретседателите на партијата Оливер Спасовски, Мила Царовска, Фатмир Битиќи и Венко Филипче и им посакувам многу успех во извршувањето на задачите и обврските. Исто така му го честитам реизборот на Љупчо Николовски за генерален секретар на партијата и на Мартин Попов за организациски секретар.
Искрено верувам дека со нивната заложба и посветеност ќе носат мудри одлуки кои ќе бидат во полза на граѓаните, напиша во својата ФБ објава Георгиески.