Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Пратеникот Артан Груби во своето гостување во вестите на телевизја Сител ја поддржа изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека време е Македонија да добие премиер Албанец.
„Тоа што ќе го вети тоа и ќе го оствари. Тоа го знаат и граѓаните Македонци, Албанци и сите други во нашата држава. Знаете првиот претседател на Собрание Албанец во нашата држава ги немаше потребните 61 глас само од страна на ДУИ туку мораше консензуално да се донесе одлука за да поддржиме личност како господинот Џафери за претседател на Собранието. Исто така господинот Зоран Заев не ги победи изборите во 2016-та година туку имаше 49 пратеници и мораше да направи консензус со другите политички партии за да го добие мандатот за претседател на Владата на Република Македонија.
Затоа со консензуалната политика која што ја наметнавме при претседателските избори и при локалните последните избори сметаме дека таа консензуалност ќе надвладее и ќе успееме да имаме прв Албанец премиер на Република Македонија“, вели Груби