Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Дали во Македонија ќе се одржат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските е можно да стане појасно вечерва по седницата на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ.
Во владејачката партија вечерва на партиските органи ќе се разговара за две прашања – процедурата за избор на нивниот кандидат за претседател на државата и можноста заедно со претседателските да има предвремени парламентарни избори.
Извори од партијата велат дека вечерва на Извршниот и на Централниот одбор ќе се отвори дебатата за предвремени избори, а оти можно ама и не мора да има конечен заклучок. ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во април, а мислењата во СДСМ остануваат поделени. Дел од партиските кадри сметаат дека предвремените избори се решение, други, пак, дека со тоа ќе се изгуби време за европската агенда на земјава.
повеќе на https://www.slobodnaevropa.mk/a/29730593.html