Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски беа во работна посета на Будва и Котор. Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља. Посетата беше по повод одбележување на Патрониот празник на Котор.
Градоначалникот Јокиќ истакна дека е поносен на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови и дека во иднина соработката ќе добие се покреативен облик. Охридските и останати претставници на збратимените градови ја потврдија својата приврзаност кон понатамошниот развој на воспоставената соработка.