Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во последните 24 часа од направени 2.887 тестирања се регистрирани шест нови случаи на Ковид 19, оздравени се 10 пациенти и нема починати лица. Вкупната бројка на дијагностицирани е 155.682 лица, соопштија денеска од Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, МЗ информира дека од новорегистрираните случаи три се во Скопје и по еден случај во Тетово, Струмица и Берово.
Регистрирани се 10 оздравени пациенти и тоа пет во Скопје, Куманово двајца и по еден пациент во Велес, Струмица и Кичево.