Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.А.(44) од Скопје.
Тој, на 13 март годинава, кога од Австрија пристигнал во Република Северна Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.
По медицинскиот наод дека е позитивен, тој, самоиницијативно, не почитувајќи ги медицинските препораки за строга самоизолација, се упатил во неговиот стан во Охрид.
Притоа, непречено се движел без заштитна маска и ракавици, а на 23 март бил во службените простории на еден оператор по што, во станот примил вработени кои му ја извршиле договорената услуга.