Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во изминатите денови екипите на “Ј.П. Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани поради зголемените температури и припремање за туристичката сезона. Екипите на “Паркови и зеленило” работеа на косење и чистење на улиците и населбите. Беше исчистена ул. “Андреја Јованоски” од “Стобекс” према “Велгошти”, населбата “Гоце Делчев” (кај бараките) и дел од ул. “Марко Цепенков” и “Момчило Јорданоски” а на патеката кај “Кадмо” плажа беа засадени нови садници од видот “Сабина” и “Џунџуле”.
Ангажирани беа и екипите на “Р.Е. Механизација” со чистење на коритото на реката кај населбата “Рача” на местото каде што се влева во езерото.