Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години забележа минимална победа со 1:0 над Грузија на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
Контролниот меч беше одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
„Црвено-жолтите“ одиграа квалитетен натпревар, многу подобар во однос на првата контролна пресметка и на крајот заслужено се радуваа на победата.
Стрелец на единствениот гол на средбата беше Димитар Данев на асистенција на Зани Назифи. Една минута подоцна гостите добија пенал, но голманот Петар Јакимов беше на висина на задачата, успевајќи да го скроти ударот од 11 метри.