Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
– Посакувам оваа манифестација да стане дел од една нова спортска традиција во нашиот град и да придонесе за негова промоција како современ спортски центар.
Горди сме што Охрид може да се пофали истакнати имиња кои имаат остварено одлични резултати во оваа боречка дисциплина, а на наша голема радост, во подем се и нови генерации на успешни таеквондисти, од кои во иднина очекуваме уште поголеми успеси.Упатувам искрени честитки и признание до организаторите кои и оваа година се потрудија да овозможат високо ниво на организација на овој натпревар, кој се вбројува во еден од најатрактивните таеквондо настани во регионот.Со својот спортски дух и упорност, спортистите победуваат и освојуваат награди, а ние сме тука да ги бодриме и да ги мотивираме за уште поголеми достигнувања. Локалната самоуправа секогаш ќе биде на страната на спортот и ќе ја поддржи организацијата на вакви спортски случувања.Ви посакувам успешен натпревар и одлични резултати, а до сите гости упатувам покана да го искористат својот престој тука, за уживање во природните и културните убавини на Охрид, истакна Маркоски во своето обраќање.