Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Младински образовен форум објавува повик за Академски стипендии за граѓанско општество – АСГО (Civil Society Scholar Awards – CSSA) кои ја поддржуваат меѓународната академска мобилност со цел на студентите на докторски студии и на факултетскиот кадар да им овозможат пристап до ресурси кои го поткрепуваат социјално ангажираното и критичко истражување во нивните родни земји или региони. Стипендиите се поддржани од Фондациите Отворено општество.
Кој може да се пријави?
Стипендиите се отворени за следнава академска популација:
Соодветни академски области
Прифатлива е која било област во рамките на општествените и хуманистичките науки, особено оние поврзани со: право, правда и владеење; одржлив развој и управување со природни ресурси; економски права и јакнење на сиромашните; јавно здравство, социјална работа и општествен развој; закони и политики на новите медиуми; инклузивно образование; пост–конфликтни студии; и човекови права. Академски области кои не се прифатливи: бизнис администрација, обуки за менаџирање, компјутерски науки, финансии/банкарство, маркетинг, инженерство, природни науки (физика, биологија, хемија, итн.), математика, медицински науки или предавање/подучување англиски јазик како странски.
Поддржани активности по добиен грант
Стипендиите поддржуваат краткотрајни, меѓународни академски проекти, како што се: теренска работа (прибирање податоци); истражувачки посети на библиотеки, архиви или универзитети; развој на предмети и наставни планови; и меѓународни соработки во истражувања кои ќе доведат до рецензирана публикација. Во една година може да прифатиме само една пријава со еден истражувачки проект по лице. Ве информираме дека повеќе нема да бидат земени предвид барања за покривање на школарина.
Како да се пријавите?
Краен рок за пријавување: 29-ти март 2019 година. Заинтересираните кандидати мора да пополнат и поднесат АСГО пријава. Силно се охрабруваа пријавување преку интернет.
Пријавување преку интернет
Сите кандидати се охрабруваат да се пријават преку интернет. За да се пријавите преку интернет, ве молиме кликнете го овој линк, а потоа следете ги упатствата.
Пријавување во печатена верзија
На овој линк може да најдете печатена верзија од пријавата (истата може да се печати) или пак стапите во контакт со Младински образовен форум – локалната административна канцеларија на стипендиите.
За повеќе критериуми за подобност, ве молиме погледнете го документот Најчесто поставувани прашања кој може да го преземете тука.
Целосниот повик на македонски можете да го преземете тука. Целосниот повик на англиски можете да го преземете тука.