Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
По повод 8-ми Декември – Св.Климент Охридски – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:
Темата на Конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски.
По овој Конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории:
Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Право на учество на овој Конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на Општина Охрид.
Творбите, во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2019 година, треба да се доставуваат на следната адреса:
Општина Охрид, – ул. ”Димитар Влахов“бр.57 (со назнака : За Конкурсот за наградени творби и со наведена категорија за која се конкурира).
Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.
Авторството се докажува со четвртиот примерок.
Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8-ми Декември – Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид.