Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Нови 72 нови случаја на коронавирус се регистрирани во последните 24 часа во земјата, едно лице е починато, а три лица се излекувани и денеска заминуваат од Клиниката за инфективни болести, објави министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Починатото лице е маж од Лабуништа, Стушко на возраст од 63 години донесен на Клиниката со тешка клиничка слика и починал неколку часа по приемот. Од новодијагностицираните во Скопје се 14, Куманово – 21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица. -Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат тројца пациенти.
На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика. Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни, наведува Филипче. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 235, Куманово -114, Дебар – 49, Штип-19, Прилеп –33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка2, Радовиш -3, Крушево – 2 и Кочани – 14.