Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот Јован Стојаноски заедно со претседателката на охридскиот Совет и директорите на јавните претпријатија денеска присуствуваше на свеченоста што по повод 20-мај, денот на пожарникарите се одржа во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид.
Првиот човек на градот упати честитки до пожарникарите со желба да има помалку пожари во иднина и помалку активности на терен но посочи дека тие секогаш мора да бидат добро екипирани и кадровски и технички со цел брзо да дејствуваат во случај на опожарувања.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Спасе Прентовски се заблагодари на градоначалникот Стојаноски за неговите заложби оваа единица постојано да се доопремува и усовршува, а потенцира и дека се што Стојаноски ветил во предизборната кампања за развој на противпожарната единица тоа и го реализира.
Празникот вчера беше одбележан со традиционално дефиле на противпожарните возила и презентација на противпожарната опрема низ охридските улици.
Годинава пожарникарите имале 168 интервенции на територијата на општина Охрид.