Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Општина Охрид заедно со ЈП „Билјанини извори“ наскоро започнува проект за нов начин на наплата за паркирање на возила во Охрид . Охриѓани, гостите и туристите наплатата за паркирање на своето возило може да го реализираат со испраќање на SMS порака.
Според проектот централното градско подрачје се дели на три зони А (црвена) зона, Б (темно сина) зона и В (светло сина) зона согласно приложената мапа.
Во предлог одлуките се внесени границите на зоните за паркирање и кои улици на кој зона припаѓаат како и цената за паркирање која е определена од типот на зоната.
Општина Охрид ги повикува сите охриѓани да земат учество со свои предлози и сугестии со цел да придонесат во поуспешно реализирање на проектот кој ќе овозможи полесно сообраќајно функционирање на градов.