Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Општина Охрид распиша оглас за формирање Партиципативно тело кое ќе учествува во процесот на урбанистичкото планирање на подрачјето на градот. Целта е, како што стои во објавата, да се обезбеди инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање за подрачјето на општината.
Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија. Партиципативното тело има право да расправа за сите работи од надлежност на единицата на локалната самоуправа и може да влијае на планските решенија и политиките на просторен развој, преку презентирање на своите мислења на советот на општината. – стои во јавната објава.
Повеќе за иницијативата на следниот линк.