Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Охрид и Подрачната единица на државниот архив деновиве добија на подарок фотографии од познатиот француски фотограф, Ги Фулон.
Дел од шеесеттината фотографии ќе бидат изложени во охридскиот архив. На дел од нив се доловени убавините на нашиот Охрид, а на останатите убавините на Париз, родниот град на Фулон. Овој вреден подарок , градот го добива благодарение на охриѓанецот Петар Боев кој негува долгогодишно пријателство и соработка со авторот.
Ги Фулон за охридската јавност станува познат во 2007 година кога ја одржува својата самостојна изложба во ЦК „Григор Прличев“
За пошироката македонска јавност овој истакнат француски уметник е познат од далечната 1999 година кога преку Францускиот културен центар ја одржува својата изложба „Македонија – Франција“ во Даут Пашиниот Амам во Скопје.