Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
Поставување фрижидери се предвидени на следните локации:
На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.
ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СЛАДОЛЕД
Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги секоја со површина 4 м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА КНИГИ
Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4 м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.
ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ
Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:
Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00 х 1.00 м.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.
ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СУВЕНИРИ
Продажбата на храна ќе се извршува на простор секој со површина 4м2.
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од Годишната програма измена и дополнувања на годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.
ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА ХРАНА
6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
6.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
6.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III , IV и V ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.
6.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на Договорот и добивање на Одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.
7.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејност.
7.2 Понудувачот треба да достави:
Понудите по точките I, II,III,IV и V да бидат со важност од 90 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:
Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на локации за поставување урбана опрема бр. 01/2020
Дел: , Локација бр.
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува,
НА ПРИМЕР I – продажба на сладолед, Локација бр. 5)
ул: „Димитар Влахов“ бр.57 6000 Охрид
НАПОМЕНА:
Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите. Пример за адресирање на плик за достава на понуда:
„НЕ ОТВОРАЈ“„Да не се отвора пред 26.06.2020 г15.00 часот. Оглас бр.01/2020 | Општина ОхридКомисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр.01/2020Дел: , Локација бр. (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)ул „Димитар Влахов“ бр. 57 6000 Охрид |
Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.
Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.
Понудите да се достават најдоцна до 26.06.2020г во 15.00 часот.
Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе сеодржина www.eaukcijaohrid.mk Напатствија ,инструкции и лозинка во писмена форма ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање.
За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид.
За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 7.2.
Предмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена;
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од три дена од денот на подигнување на Решението за избор на најповолен понудувач.
Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.
Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема заинтерисираните субјекти можат да ги превземат од web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 14.00-15.00 часот во просториите на општина Охрид.
Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено kористење на површини за поставување урбана опрема со Решение бр. 09-4809/1 од 04.06.2020 г.