Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Врз основа начлен 80, член 80а и член 81 од Законот за градење („Сл.весникна РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16,35/18, 64/18, 168/18, и „Сл.весник на РСМ“ бр 244/19 и 18/20 и 279/20), член 34 од Статутот на општина Охрид и член 50 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02), Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 год. бр. 08-11545/41 од 29.12.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.16/2020), записникот бр. 19-2366/1 од 05.03.2021, Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08-4086/51 од 28.04.2021 година и Одлука за донесување на Правилникот со кој се утврдени начинот и условите за изнајмување на локации за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Охрид бр. 08-4086/18 од 28.04.2021, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:
Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:
I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед 13 локации
Поставување фрижидери за продажба на сладолед се предвидени на следните локации:
На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце, на простор со површина 4м2 Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година.
II. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги – 5 локации:
Продажбата на книги ќе се извршува на простор со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021 година.
III. Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики – 4 локации
Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4м2. Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2021 година.
IV. Локации за поставување урбана опрема (забава на отворено) – 5 локации:
Поставувањето на реквизитите за забава предвидени се
Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2021 година.
Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена.
VI. Почетна цена за издавање на локација е:
6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.
6.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.
6.3 Трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.
6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00(седумденари) од м2 дневно.
6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III и IV ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.
6.6 Поставувањето на урбаната опрема дозволено е да отпочне по добивање на Одобрение за поставување на урбана опрема од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.
VII. Доставување на понуди
7.1 Понуди можат да достават физички и правни лица, и тоа
Правното или физичкото лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2021.
На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење локациите за поставувае на урбаната опрема на трети лица.
7.2 Понудувачот треба да достави:
Трезорска сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 84015206553
Приходна шифра: 723914 Програма 00
За правни субјекти
За физички лица
Понудите по точките I, II,III и IV да бидат со важност од 90 денови.
Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.
VIII. Начин на доставување на понуда
Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:
„НЕ ОТВОРАЈ“
Општина Охрид
Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 01/2021
Дел:
Локација бр.
(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува, НА ПРИМЕР I – продажба на сладолед, Локација бр. 5 (5а)) ул: „Димитар Влахов“ бр.57 6000 Охрид
НАПОМЕНА:
Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.
Пример за адресирање на плик за достава на понуда:
„НЕ ОТВОРАЈ“„Да не се отвора пред 27.05.2021 г12.00 часот. Оглас бр.01/2021 | Општина ОхридКомисија за спроведување на постапка заиздавање на времено користење на површини за поставување на урбана опрема бр. 01/2021 Дел: , Локација бр. (се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)ул „Димитар Влахов“ бр. 576000 Охрид |
Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид. Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.
IX. Начин на отворање
Понудите да се достават најдоцна до 27.05.2021 г во 12.00 часот.
Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе се одржи на www.eaukcijaohrid.mk .Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма или електронска пошта ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање.
За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата (e-mail) на понудувачот и web страната на општина Охрид.
За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 7.2.
X. Предмет на јавно наддавање
Предмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена;
XI. Склучување на договор
Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.
Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач кое може да биде во писмена форма, усно или во електронска форма.
Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.
По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со ЈП “Охридски комуналец” – Охрид, закупецот се задолжува да обезбеди Одобрение за поставување урбана опрема.
На закупец без добиено одобрение за поставување на урбана опрема му се забранува да постави урбана опрема на предвидената локација, договорот се смета за ништовен без повраток на уплатените средства и договорниот орган ќе склучи договор со следниот раниран понудувач.
Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема и Образецот на понуда заинтерисираните субјекти можат да ги превзематод web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 12.00-13.00 часот во просториите на архивата на општина Охрид.
Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено користење на површини за поставување урбана опрема со Решение бр. 09-1193/1 од 04.02.2021 г.
СЛАДОЛЕД 1(1a) i 2(2a)
СЛАДОЛЕД 3(3a) i 4(4a)
СЛАДОЛЕД 5(5a) i 6(6a)
СЛАДОЛЕД 7(7a)-8(8a)
СЛАДОЛЕД 17(17a)
СЛАДОЛЕД 9(9a)-10(10a)
СЛАДОЛЕД 11(11a)
СЛАДОЛЕД 12(12a)
МАСТОПОЛОЖБА НА ЛОКАЦИИ ЗА ФРИЖИДЕРИ ЗА СЛАДОЛЕД
КНИГИ
УМЕТНИЧКИ СЛИКИ
ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА СЛАДОЛЕД (pdf doc.)
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА СЛАДОЛЕД (word doc.)
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА КНИГИ (pdf doc.)
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА КНИГИ (word doc.)
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ (pdf doc.)
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ (word doc.)
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО (pdf doc.)
ОБРАЗЕЦ ПОНУДА ЗА ЗАБАВА НА ОТВОРЕНО (word doc.)