Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Парична казна или затвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица, предвидува Кривичниот законик за непочитување на полицискиот час што со одлука на Владата ќе трае од денеска до 22 март од 22 часот вечерта до 05 часот наутро.
Регулирано со член 206 од Кривичниот законик. Во ставот 1, е пропишано дека секој што за време на епидемија не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Во ставот 2, пак, се вели дека ако делото го стори правно лице, пропишана е парична казна, која може да биде до милиони денари
Исто така портпаролот на Владата изјави дека : Потврдите издадени минатата година преку порталот uslugi.gov.mk за правните лица, остануваат да важат. Доколку има потреба од нови дозволи за движење, за државни институции, за вработени кои досега немале вакви дозволи ќе бидат издавани преку овој портал.