Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 365 800 денари, се изврши комплетна реконструкција на подовите во основното училиште „Ванчо Николески“ во село Лескоец.
Изминатиов период активно се работеше на подобрување на условите за следење настава. Во училиштето се реконструираа тоалетите , се молерисаа и санираа оштетувањата на ѕидовите од осум училници. Се изврши реконструкција на таванот и ѕидовите од училишниот ходник и се поставија нови светилки.
Со поддршка на Општина Охрид се набавија нови компјутери за учениците со цел да има непречено одвивање на наставната програма.