Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Делегација на Германското стопанство во земјава денеска во средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе го означи почетокот на новата учебна година на третата генерација учениците кои се школуваат според програмата за дуално стручно образование по германски модел.
Оваа програма се спроведува во седум градови во соработка со седум средни стручни училишта и 12 компании. Во Охрид се реализира во соработка со средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“ и компаниите ЛТХ Леарница, Костал и ОДВ Електрик.
На настанот претставници на компаниите ЛТХ Леарница, Костал и ОДВ Електрик ќе информираат за своето досегашно искуство со програмата за дуално стручно образование и перспективите која таа ги нуди.