Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Врз основа на утврдениот режим на сообраќај за стариот дел од град Охрид и Правилникот за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, а со цел граѓаните на овој дел од градот непречено да се движат – Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ги известува граѓаните од стариот дел од градот дека ќе се отпочне со пререгистрација на постоечките картички кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот.
За навремена и ефикасна пререгистрација на постоечките картички, а со цел непречено движење во овој дел од градот се известуваат сите жители кои веќе поседуваат картички да се пријават во Општина Охрид и при тоа со себе да ја носат подолунаведената документација и тоа:
За постојани жители на стар дел од град Охрид
Правни лица
Жители кои немаат постојана адреса во стариот дел од градот
Станоиздавачи
Туристи
Сите баратели кои ги исполнуваат наведените услови ќе може да извршат пререгистрација на картичките секој работен ден од 21.05.2021 до 04.06.2021 година во временскиот период од 10:00 до 14:00 часот, на посебен шалтер кој ќе биде поставен пред влезот на зграда од Општина Охрид.
Покрај горенаведените документи, барателите со себе треба да ја носат и старата картичка за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид.
На сите иматели на картички кои не ги исполнуваат условите од Правилникот, картичките ќе им бидат поништени.
ПРАВИЛНИК ЗА ИЗДАВАЊЕ НА КАРТИЧКИ ЗА ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО СТАРИОТ ДЕЛ НА ГРАД ОХРИД