Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Ракометната Федерација на Македонијa претпладнево објави дека македонската куќа на ракометот и селекторот Данило Брестовац взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори. Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период од јуни 2019 до јануари 2021 година.
Брестовац ја предводеше нашата репрезентација на штотуку завршеното Светско првенство каде Македонија го освои 23-тото место со остварена една победа и пет порази на шест одиграни натпревари.
Ракометната федерација на Македонија ќе мора бргу да рагира со избор на наследник на Данило Брестовац затоа што во март не очекуваат два натпревари со Данска во квалификациите за Европското првенство во Словачка и Унгарија 2022 година.