Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ интензивно работат на уредување на зелените површини од банкините и тротоарите на потегот од бензинската пумпа кај Билјанини извори до хотелот „Инекс Горица“. Акцијата се реализира во соработка со Агенцијата за државни патишта којашто е надлежна за одржување на регионалниот пат Охрид- Св. Наум и истата продолжува и утре.
Во текот на вчерашниот ден охридските комуналци го расчистија овој патен правец од расфрланиот комунален отпад.