Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Сојузот на синдикати на Македонија бара да се преземат напори за да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја надминат кризата предизвикана од коронавирусот.
– Мерките треба да бидат насочени кон зачувување на работните места, а во меѓувреме да се заштитат од невработеност и загуба на приходи и да се ублажат финансиските загуби. Луѓето кои се болни, кои се грижат за семејството или не се во состојба да работат заради коронавирусот, не треба да страдаат финансиски, па поради тоа од страна на Владата потребно е да се обезбеди финасиска помош за сите вработени, велат од ССМ.
ССМ предлага да се направи и реорганизација на работењето и намалување на бројот на вработени на работните места, ротација на вработените ангажирани на работните места и клизно работно време.
– ССМ во име на работниците, секаде каде што ќе добие информација дека не се почитуваат препораките, ќе интервенира и пријави до надлежните инситуции и ќе настојува истите да ги превземат сите активности во рамки на нивните надлежности и да ги санкционираат сите кои нема да ги почитуваат препораките и мерките, велат од ССМ.