Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Незадоволен продавач на книги, кој со децении продавал книги на тезги низ центарот на Охрид денес на свеченоста по повод 24 Мај денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј ги истурил на плочникот книгите кои ги продавал на нелегално поставена тезга.
Човекот тоа го направил од револт кон градската власт, која вчера и денес спроведува акција за отстранување на тезгите од центарот на Охрид.
Локаланта најави дека нема да толерира диво поставување на тезги, па со полициска асистенција два дена се отстрануваат диво поставените тезги за продажба на се и сешто.
Извор: Охрид 1