Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Се известуваат сите заинтересирани млади лица кои имаат желба да аплицираат на Јавниот повик за членови на Локалниот младински совет на општина Охрид и ги исполнуваат потребните услови, дека рокот за пријавување истекува во сабота на 08.05.2021 година во 24 часот. Пријавите согласно јавниот повик се подесуваат електронски на емаил: sovetnamladiohrid@yahoo.com.
Воедно ги известуваме членовите на Локалното собрание на млади на општина Охрид дека третата седница на Локалното собрание на млади на која ќе се избираат членови на Локалниот младински совет на општина Охрид ќе се оддржи на ден 12.05.2021 година (среда), во 10.30 часот, во Големата сала на Советот на општина Охрид. Ви прилог дневниот ред за оваа седница.
Напомена: На седницата се поканети и имаат право да присуствуваат и сите кандидати за членови на Локалниот младински совет кои добиле потврда дека поднеле уредна документација до општина Охрид. Секој кандидат ќе има право кратко пред членовите на локалното собрание на млади на општина Охрид да ја образложи својата апликација и мотиви за членство во младинскиот совет на општина Охрид по што ќе следува тајно гласање. Согласно одлуката на Локалното собрание на млади нивните имиња нема да се објават до денот на оддржување на третата седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид.