Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
На пресекот на бул. „Туристичка” и ул.„Македонски Просветители“ во тек се финални подготовки на подлогата за асфалтирање, нивелирање и збивање на тампонскиот слој како и поставување на сливници во последните две фази од градба на кружниот тек
Поставувањето на првиот слој на асфат за порамнување ќе отпочне утре во периодот помеѓу 11 и 15 часот поради што делови од улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ ќе бидат затворени за сообраќај. Во зависност од временските услови односно максималните дневни температури се очекува поставувањето на завршниот слој на асфалт на оваа крстосница во последните две фази од градба да биде во деновите недела односно понеделник 20.12 и 21.12.
По завршувањето на градежните работи на оваа кружна крстосница изведувачот ќе ја постави комплетната хоризонтална и вертикална сигнализација на целата крстосница по што сообраќајот ќе се овива според новиот режим на сообраќај.