Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во соработка со Општина Охрид, денес долж булеварот Туристичка на места каде има обележани пешачки премини и каде има поголема фреквенција на пешаци како најранлива категорија во сообраќајот, постави бетонски столбчиња. Местата се избрани по согледаната состојба на безбедност на сообраќајот на централното градско подрачје на Општина Охрид извршените анализи, а се со цел да се зголеми прегледноста и безбедноста на пешаците односно одбегнување на несакани последици и непрописните запирања и паркирања на пешачки премин и на десет метра до овие премини.
Причината за овој потег е тоа што во изминатиот период зачестија сообраќајните незгоди во кои учествуваа патнички возила и пешаци, поради непочитување на правилата и прописите во сообраќајот.
Овие активности интензивно продолжуваат и во следниот период. Вакви бетонски столпчиња ќе се поставуваат и пред училиштето Григор Прличев, но и пред останатите фрекфентни места во централното градско подрачје.
СВР Охрид и Општина Охрид имаат исклучително добра соработка, токму поради тоа се одржуваат и чести координации, се со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот.