Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во чест на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид, вечерва, во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната 23-та изложба на Фото клуб – Охрид. На изложбата се презентирани околу 50 фотографии со најразлична тематика и мотиви, кои се дело на 12 автори.
Покрај многубројните љубители на уметничката фотографија, изложбата ја разгледа и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. Тој упати честитки до организаторите на изложбата со надеж дека истата ќе продолжи да се одржува и во иднина.