Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Пред три дневен полициски час А1 ги исклучи мобилните телефони на дел од корисниците на кои им изминал рокот за плаќање на сметката. Во време кога дури и банките се огласија на повикот на Владата и ги одложија плаќањата на кредитите за шест месеци, мобилниот оператор А1 си стои на своето.
До нашата редакција пристигнаа поплаки од граѓани кои велат дека сметката ќе си ја платат но следејќи ги инструкциите на Владата не излегуваат од своите домови, барем во овој период кога е пикот на вирусот.
Се обидевме да стапиме во контакт со лицата за медиуми од А1, но сите наши обиди пропаднаа, затоа што се вклучува мобилна секретарка која кажува дека поради мерките на Владата А1 работи со намелен број на оператори и не советува за сите информации да ја користиме мобилната апликација А1.
Но, има и постари клиенти на овој оператор кои не знаат како се користи мобилната апликација и не знаат како да плаќаат Online., па поради ова цел викенд кога мора да останат дома тие бе бидат без никаков контакт со блиските.
Инаку само да потсетиме дека изминативе денови на радио кружеше реклама од А1 преку која советуваат колку е важно во ова време да се остане во контакт. Ова го советуваат а од друга страна исклучуваат линии.
фото: Охрид 1