Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Во изминатиов викенд ЈП и СРЦ „Билјанини Извори“ беа домаќини на два спортски настани во фудбал и во атлетика. На помошното игралиште за фудбал со вештачка трева се одржа „Кока кола“ КУП во кој учествуваа неколку основни и средни училишта од Охрид а на атлетската патека на градскиот стадион се одржа државното првенство во атлетика за сениори.
ЈП „Билјанини извори“ во изминатиов двегодишен период во континуитет е домаќин на значајни настани во сите спортови и за сите категории. Тоа е резултат на континуираното вложување во спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието.