Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Градоначалникот, Константин Георгиески, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Охриди и Република Северна Македонија.
– Бошњаците биле и ќе бидат значаен дел од македонското мултиетничко и мултикултурно општество. Само заедно сплотени и единствени, почитувајќи си ги различностите можеме успешно да ја градиме нашата и иднината на нашите деца. Денешниот празник е одраз на нашата почит кон сите граѓани на нашава земја. Почитувајќи ја културата и обичаите на заедниците ние се почитуваме самите себе си и својата држава. Само заедно можеме да изградиме посреќно, побогато и просперитетно општество. Меѓусебната почит, заедништво и разбирање се вредности кои од секогаш ги негуваме и споделуваме, а така ќе биде и во иднина.
Со искрени желби за добро здравје, среќа и напредок на секој план на припадниците на Бошњачката заедница им го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, стои во честитка на градоначалникот Георгиески.