Address
Blackstone CtCanton,
MI 48187, USA
Work Hours
Monday to Friday: 7AM - 7PM
Weekend: 10AM - 5PM
Судскиот совет денеска поведе постапка за симнување на имунитетот на судијата Р.С. од Охрид, a претходно полиција поднесе кривична пријава дека истиот земал поткуп, за потоа да прсуди во корист на туженото трговско друштво.
Судијата претходно на еден вработен во трговско друштво за сообраќај, трговија и услуги увоз-извоз од Охрид, побарал 15 000 денари за поткуп, но тој се пожалил дека толку пари не може да му плати.
Во текот на јануари оваа година, повторно го побарал претставникот на фирмата и го повикал во неговата канцеларија каде го известил дека претходната барана сума како поткуп од 15.000,00 денари сега ја намалил на износ од 5.000,00 денари.
При претрес на судијата полицијата пронашла пет банкноти од по 1.000 денари кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и со заведени сериски броеви.